-->
-->
Сончево и студено, утринските температури под нула
-->
– Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -3 до 6 степени.
Во Скопје, слично време со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 2 степена. Во наредните денови ќе продолжи периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда, утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден