Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, локално до 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
МИА
Ново на Сител
-

Патници од Скопје и Куманово се вратиле од Африка заразени со маларија
-

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител
-

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар
-

Променливо облачно и посвежо време
-

Сообраќајот без застои по влажни коловози
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
