-->
-->
„Солун, град на духови“ вечер во Кино Култура
-->
Во рамки на програмата на Кино Култура вечер со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажана театарска претстава „Солун, град на духови“ по текст на Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер, музика на Златко Ориѓански, во режија на Слободан Унковски.
Во претставата играат Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ.
Претставата е продукција на Театарот на Навигаторот Цветко, направена со поддршка на Министерството за култура на Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.
Влезот за претставата е бесплатен, а картите можат да се подигнат од 19:40 часот во фоајето на Кино Култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен