-->
-->
Солскјер го одби Иран
-->
– Норвешкиот фудбалски стратег Оле Гунар Солскјер ја одби понудата да седне на клупата на Иран и да го предводи националниот тим на претстојното Светско првенство во Катар.
Челниците на иранската фудбалска Федерација претходно оваа недела му врачија отказ на хрватскиот стратег Драган Скочиќ, кој го однесе Иран на Мундијалот во Катар и имаше биланс од 15 победи на 18 натпревари.
Англиските медиуми објавија денеска дека Иранците му го понудиле селекторското столче на Солскјер, што Норвежанецот го одбил.
Последен тренерски ангажман на Солскјер беше во Манчестер јунајтед од 2018 до 2021 година.
Иран на Мундијалот во Катар е во група со Англија, САД и Велс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко