Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8, најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов, пренесува БТА.
Изјавата е дадена за време на работниот појадок во Софија со амбасадорите на земјите од ЕУ и НАТО, посветен на напредокот на стратешкиот инфраструктурен проект. На средбата присуствуваа и министрите за регионален развој и јавни работи Иван Иванов, министерот за одбрана Атанас Запријанов, претставници на Европската комисија, Националната железница и Агенцијата за патна инфраструктура.
Караџов нагласи дека тунелот меѓу Ѓуешево и границата со Северна Македонија не е само инфраструктурен објект, туку стратешка врска што ќе овозможи слободно движење меѓу Црното и Јадранското Море. Според него, Бугарија може веднаш да започне со изградба на делот од Ѓуешево до границата во должина од 2,4 километри, но вистинскиот почеток зависи од изградбата на самиот објект на тунелот.
- Очекуваме одговор и коментари од Скопје за предложениот договор. Доколку нема забелешки, подготвени сме веднаш да го потпишеме и да почнеме со работа, рече Караџов.
Министерот за регионален развој Иван Иванов изјави дека и покрај секојдневните предизвици, Бугарија не треба да го изгуби фокусот на стратешките проекти како што е Коридорот 8. Тој ја истакна потребата од забрзување на реализацијата, бидејќи проектот е од исклучителна важност за економско и логистичко поврзување во регионот.
Министерот за одбрана Атанас Запријанов, пак, истакна дека развојот на основната инфраструктура, вклучително и железничкото поврзување со Република Северна Македонија, е од особено значење за Бугарија и мора да се направи се што е можно за да се постигне опиплив напредок во краток временски период
- Бугарија го смета железничкото поврзување со Северна Македонија како клучен елемент на проектот Воена мобилност, кој е приоритет за соработка меѓу НАТО и ЕУ, нагласи Запријанов. Според него, подоброто поврзување ги зголемува не само одбранбените способности, туку и улогата на регионот во безбедносниот систем на Европа.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана