Собранието во јуни ќе биде домаќин на Рос-Рот семинар на ПС на НАТО

Собранието на Република Македонија во јуни оваа година, по седми пат, ќе биде домаќин на Рос-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО. За таа цел, претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска имаше средба со политичкиот директор задолжен за Рос-Рот семинари, Хенрик Блидал, кој во рамките на подготовките за семинарот е во повеќедневна посета на Република Македонија, соопшти собраниската прес-служба.
За време на средбата, Џафери изрази задоволство што македонското Собрание ќе биде повторно домаќин на Рос-Рот семинар на ПС на НАТО, особено имајќи го предвид фактот што ќе се одржи во време кога Република Македонија засилено работи на планот на евроатланската интеграција, како и непосредно пред Самитот на НАТО во јули во Брисел.
Што се однесува конкретно на самата организација на семинарот, претседателот на Собранието истакна дека службата на Собранието ќе даде целосна стручна и оперативна поддршка и заедно со службата на ПС на НАТО ќе ги преземе сите неопходни подготовки за овој значаен меѓународен настан да се реализира на највисоко ниво.
Блидал се заблагодари за прифаќањето од страна на Собранието на Република Македонија да биде домаќин на овој семинар и истакна дека зградата на законодавниот дом на Република Македонија ги задоволува сите стандарди за негово одржување.
ПС на НАТО одржува два или три Рос-Рот семинари годишно. За време на семинарите, членовите на парламентите од земјите членки на НАТО и земјите партнери се состануваат со владини претставници, претставници од НАТО и од други меѓународни организации, како и експерти од универзитети, тинк-тенкови и невладини организации, за да разговараат за едно конкретно безбедносно прашање од заеднички интерес.
Ново на Сител
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
-

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тромесечје
