Собранието ја заврши 5. седница, по паузата ја продолжува 12.

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжение на 5. седница го разгеда Извештајот за работата на Агенцијата за администрација. Ова беше и последна точка на дневниот ред на оваа седница, а за во 15 часот најави продолжение на 12. седница.
Во претпладневниот дел од продолжението нд 5. седница во расправата по Извештајот учествуваа пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои го оценија Извештајот како позитивен, сеопфатен, кој ја отсликал работата на Агенцијата во 2016 година.
Тие посочија дека откако е формирана Агенцијата зголемен е квалитетот во администрацијата и порачаа до новото раководство Агенцијата да продолжи професионално да работи и во прв ред да ги стави способноста и квалитетот на кадрите.
Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери за 15 часот најави продолжение на 12. седница.
На дневен ред на оваа седница се предлог законите за минимална плата, за стечајците, измени на Законот за аудиро и аудиовизуелни медиумски услуги, измени на Законот за исплата на платите, потоа на Законот за извршување и Предлог законот за издавање на вредносни бонови - ваучери.
Ново на Сител
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
