Собранието ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски

Собранието на почетокот на денешната пленарна седница ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски.
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски соопшти дека е информиран од Наумовски дека нема да ја образложи оставката пред пратениците.
- Врз основа на член 121 став 1 од Деловникот на СОбранието, судијата на Уставниот суд доктор Гоце Наумовски може да ја облазожи оставката, но бидејќи сум известен дека судијата на Уставниот суд нема да ја образложи оставката на седницата на Собранието, констатирам дека согласно член 121 став 2 од Длеовникот на Собранието, на уставниот судија му престанува функцијата - рече Милошоски.
Уставниот судија Гоце Наумовски на 16 јули поднесе оставка од функцијата. Од Уставниот суд тогаш информираа дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
По неговото заминување, Уставниот суд ќе остане со седум судии.
Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на 18 февруари годинава со 63 гласа „за“, седум против и без ниеден воздржан.
МИА
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
