-->
-->
Собранието изласа измени на Законот за ПИОМ
-->

Собранието на денешното продолжение на 24. седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, објасни дека со одредбите на Законот за пензиско и инвалидското осигурување како категорија на осигуреници се опфатени и индивидуални земјоделци. Од 2013 година, како што рече, се воспостави нова дефиниција „семејно земјоделско стопанство“, но до 1 декември 2017 година се уште не е воспоставена можност да се изврши нова категоризација на земјоделците. Затоа, посочи, предвидуваме натамошно задржување на претходната дефиниција „индвидидиални земјоделци-обврзници на данок на приход од вршење на земјоделска дејност на кои земјоделската дејност им е единствено занимање“.
Дополнително се менува и одредбите од член 61 и се дава можност за користење семејна пензија за дете инвалид, за што досега немаше можност ако детето остварувало каков било приход или било вработено. Се менува и член 11 со што се носи основ за донесување методологија за бенифициран стаж која моментно ја работиме. даваме основ законски да биде донесенеа и ставена во пракса, рече Царовска.
Измените на Законот за ПИОМ беа единствена останата точка од дневниот ред на 26. седница.
Собранието продолжува со работа по точките од 34-седница на чиј дневен ред се предлог - изборот на потпретседатели на Собранието на РМ, поднесен од група пратници, предлог-одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК, предлогот за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
На денешните седници не присуствуваат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
