Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница

Собранието, денеска, во рамките на 81. седница, по завршувањето на опозициските прашања, ги усвои финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2026 година, одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и одлуката за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година.
Исто така, на седницата беа изгласни одлуката за изменување на одлуката за одобрување да се продолжи рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за системот за процена на лицата со попреченост и Законот за задолжувањето на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по оамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали.
Гаши информира дека за продолжението на седницата пратениците ќе бидат дополнително известени.
Претходно денеска, во рамките 81. седница беше изгласана потребата за носење измени и дополнувања на Законот за внатрешните работи и на Законот за полицијата, по скратена постапка, со што се овозможува организациска промена, односно трансформација на Секторот за внатрешни работи - Скопје во Оддел за внатрешни работи - Скопје и се предвидува дополнување со нова работна позиција - началник на Одделот за внатрешни работи - Скопје. Пред да се најдат повторно на пленарна седница овие закони треба да го минат филтерот на матичната комисија.
МИА
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
