Собири на ГДОМ во Кичево и Битола
Граѓанското движење за обнова на Македонија (ГДОМ) денеска организираше собири во Кичево и во Битола, на кои повторно беа искажани барањата партиите да останат достојни на ставот за одржување на предвремени парламентарни избори на 5 - ти јуни.
- Денешната порака од граѓаните на Кичево ќе биде сите политички субјекти кои го потпишаа Пржинскиот договор да смогнат сила и на 5 - ти јуни да излезат на избори. Уште еднаш ги молам сите да излезат на 5-ти јуни на избори и да се види кој е кој на македонската плуралистичка сцена, истакна Гулаб Сарафилоски од ГДОМ.
Според него, потребно е да се направи разлика меѓу оние кои не сториле ништо на македонската политичка сцена, освен уништувањето на фабриките и оставањето на многу граѓани на улица, и разликата меѓу сегашните луѓе кои ја водат државата кои градат патишта, пруги, болници, градинки …
Битолчани уште еднаш вечерва се собраа на мирен протест и нивната порака беше за одржување избори на 5-ти јуни. Порачаа дека „За Македонија се работи“, и оти само избори се решение за излез од кризата.
Ново на Сител
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори