Собир на ГДОМ во Кочани
Пред Општина Кочани жители од општината се собраа да дадат поддршка на Граѓанското движење за обнова на Македонија (ГДОМ). Членот на ГДОМ Александар Пандов им рече дека Македонија знае на која страна е вистината, кои се патриоти и кои ја сакаат државата.
- Нашава држава година и пол е заложник на Зоран Заев, неговите медиуми и експоненти кои го трујат македонскиот народ со невистини и лаги. Кога не им успеа во тоа, сакаат да не закрват, но нема да им успее ова да го сторат. Ние знаеме кој работи за доброто на народот и неговиот просперитет. Македонија е исправена на нозе, Македонецот е свесен и нема да дозволиме да ни кројат црна кошула. Нема да дозволиме Македонија да ја кутнат на колена, да не делат и да се случи Букурешт, рече Пандов.
Тој ги повика граѓаните на Кочани во четврток да присуствуваат на митингот на ГДОМ во Скопје. кг/хс/20:06
Ново на Сител
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа