Македонија
14. September 2019 - 19:00

Со помош на авионите на ДЗС локализиран пожарот над кичевското село Колибари

– Големиот шумски пожар во атарот на кичевското село Колибари е ставен под контрола. Во гасењето учествуваа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-Противпожарната единица од Кичево и натаму останува на терен и заедно со месното население ја држат ситуацијата под контрола. Тешкотија преставуваше непристапниот терен каде се уште се преставниците на шумското претпријатие  „Лопушник”, на Дирекцијата за  заштита и спасување и на Општина Кичево. Во прв план ни беше да ги заштитиме куќите во што и се успеа и се стави пожарот под контрола, информира Емин Насуфи од Општина Кичево.

Според него, интервенциата на авионите на ДЗС многу помогнала за да се локализира пожарот.