Со „Петре и волкот“ Македонската филхармонија гостува во Прилеп и Битола
Македонската филхармонија, денеска и утре, ќе гостува во Прилеп и во Битола, каде што под диригентство на маестро Борјан Цанев ќе се претстави со симфониски концерт наменет за најмладите. Оркестарот ќе настапи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, односно утре во Центарот за култура во Битола, кога со почеток во 18 часот ќе ја изведе популарната оркестарска свита „Петре и волкот“.
„Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Свитата е напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот.
И овој пат наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.
Гостувањето на Македонската филхармонија во Битоле и Прилеп е дел од мисијата на оваа институција да влијае врз музичката едукација на младите и во другите градови во Македонија. Со претставата „Петре и волкот“, Македонската филхармонија неодамна гостуваше во Струга и во Гевгелија, каде настапи пред преполни сали, а концертите беа проследени со овации.
Ново на Сител
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот