-->
-->
Со овoј ѕвер против Русите и Кинезите: Американците успешно тестирале млазен дрон, предвиден да ги штити ловечките авиони
-->
Летечкиот дрон на млазен погон "Валкира", успешно го завршил тестирањето на полигонот во Аризона.Ова е голем чекор во изградбата на автономни беспилотни летала, кои би биле ангажирани покрај ловците со екипаж. Воените експерти предложиле дека таквите системи би биле корисни во војна меѓу два противнички ароди, нешто што е во склад со се поголемиот фокус на Пентагон на конкуренцијата со Кина и Русија.
Авионскиот гигант "Boeing" минатиот месец го претставил својот прототип на слично летало на саемот во Австралија. Се очекува тоа летало да го има првиот лет наредната година.
"Валкира" е проценета на 2 и 3 милиони американски долари, што е во ранг на цената на противавионските ракети.
Се разликува од преовладувачките американски модели на дронови, како што е MK-9 Ripper, бидејќи е на млазен погон и може да лета со надзвучни брзини, нешто што би му овозможило да држи чекор со F-16 или F-35.
"Валкира" е прв пример на дрон со ниски трошоци, а може да донесе голема промена, изјавил директорот Даг Шузблевски, раководител на програмата на лабораторијата "Air Force Research Lab".
Тестот исто така е голем чекор напред за "Кратос", компанијата која ја произведува "Валкира". "Кратос" веќе врши стабилна работа со американската војска за мали дронови, кои војската ги користи за вежбање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
-

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
-

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура
-

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
