Свет
8. March 2019 - 11:23

Со овoј ѕвер против Русите и Кинезите: Американците успешно тестирале млазен дрон, предвиден да ги штити ловечките авиони

Летечкиот дрон на млазен погон "Валкира", успешно го завршил тестирањето на полигонот во Аризона.
 
Ова е голем чекор во изградбата на автономни беспилотни летала, кои би биле ангажирани покрај ловците со екипаж. Воените експерти предложиле дека таквите системи би биле корисни во војна меѓу два противнички ароди, нешто што е во склад со се поголемиот фокус на Пентагон на конкуренцијата со Кина и Русија. 
 
Авионскиот гигант "Boeing" минатиот месец го претставил својот прототип на слично летало на саемот во Австралија. Се очекува тоа летало да го има првиот лет наредната година.
 
"Валкира" е проценета на 2 и 3 милиони американски долари, што е во ранг на цената на противавионските ракети.
 
Се разликува од преовладувачките американски модели на дронови, како што е MK-9 Ripper, бидејќи е на млазен погон и може да лета со надзвучни брзини, нешто што би му овозможило да држи чекор со F-16 или F-35.
 
"Валкира" е прв пример на дрон со ниски трошоци, а може да донесе голема промена, изјавил директорот Даг Шузблевски, раководител на програмата на лабораторијата "Air Force Research Lab".
 
Тестот исто така е голем чекор напред за "Кратос", компанијата која ја произведува "Валкира". "Кратос" веќе врши стабилна работа со американската војска за мали дронови, кои војската ги користи за вежбање.