Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави

Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот што е за три повеќе отколку лани. Со тоа според рангирањето на „The Henley Passport Index“, македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година.
На листата за 2025 година сме пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61-во место.
Најмоќниот пасош на светот и годинава го има Сингапур чии граѓани може без виза да влезат во 193 од вкупно 227 земји. На второто место се Јапонија и Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации без претходна виза, трети се Данска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Шпанија и Финска со пристап до 189 дестинации. На четвртото место со пасош со кој може без виза да се патува во 188 земји се Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија и Шведска, на петтото со можност за безвизно патување на 187 дестинации се Грција, Швајцарија и Нов Зеланд. Со британски пасош слободно може да се патува во 186 земји со што е на шесто место, додека пасош на САД е на 10. место и со него без виза може да се патува на 182 дестинации.
Пасош кој е најниско рангиран, со кој може без виза да се патува само во 25 земји има Авганистан, по што следат Сирија со пасош со кој може да се патува на 27 дестинации и Ирак со пасош со кој без виза може да се патува во 30 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
