-->
-->
Со Ловечка вечер во Македонска Каменица означен крај на ловната сезона
-->
Во Македонска Каменица синоќа се одржа традиционалната “Ловечка вечер” која собра над 300 гости од Македонска Каменица и регионот. Како што информираа организаторите, покрај ловците-членови на ЛД „М.Каменица-Саса“ и љубителите на ловот од градот домаќин, гости на Ловечката вечер беа и членови-претставници на Ловното друштво „Бел Камен“ од Виница, „Острец“ од Делчево и „Еребица“ од Скопје.
-Ловечката вечер се одржа традиционално по повод успешно завршената ловечка сезона согласно програмата за тековната година. Оваа година на ловечката вечер имаме покането гости од Виница, Делчево и Скопје со кои како Ловно друштво „М.Каменица – Саса“ имаме одлична соработка. Покрај богата ловечка вечер од сепецијалитети на дивеч, како ловечко друштво организиравме лотарија со главна награда – ловечка пушка, информираа организаторите.
Додаваат дека ловечката пушка годинава одинава заминала во рацете на најсреќниот ловџија, Стојмир Ѓеорѓиев од Македонска Каменица.
По завршувањето на сезоната на ловџиите им претстои предвидената прихрана на дивечот. Во овој период прихраната е задолжителна за крупниот дивеч претежно за срната и дивата свиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите