Со концерт на оперската дива Елина Гаранча почнува „Охридско лето“

Со концерт на светската оперска дива Елина Гаранча во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентство на Ион Марин од Австрија вечер почнува 56. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Елина Гаранча на вчерашната прес-конференција во Охрид изрази задоволство што ќе настапи на овој фестивал кој, како што рече, зад себе има толку богата и долгогодишна традиција.
На програмата на концертот се арии на Чајковски, Сен Санс и Гуно, специјално одбрани за да ги претстават особеностите и специфичностите во уметничкиот израз на самите композитори, а истовремено соодветствуваат на силината и квалитетот на гласот на оперскиот солист, додека вториот дел од концертот е резервиран за најпознатите композиции од операта „Кармен“.
Диригентот Ион Марин изјави дека му претставува задоволство што повторно е во Охрид, овојпат како претставник на втората генерација уметници од неговото семејство, кои настапувале тука.
- Во Охрид бев во 1969 година и во 1978 година, во време кога мојот татко настапуваше на фестивалот како диригент на хорот „Мадригал“ од Букурешт. Имам убави спомени од тоа време, а сега сум тука повторно, овојпат како диригент привилегиран да настапува заедно со Елина, така што со нетрпение го очекувам настапот пред публиката на „Охридско лето“, рече тој.
Директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски истакна дека огромен е интересот кај јавноста, како кај домашната публика така и кај онаа од странство, за концертот што ќе го означи почетокот на годинашното фестивалско доживување.
- Се е подготвено за спектакуларно отворање. Времето според сите проверки ќе не послужи така што можам да кажам дека не очекува невидено уметничко доживување, достојно за реномето што го има „Охридско лето“, рече тој.
Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова – Неделковска истакна дека концертот со кој се отвара фестивалот претставува еден од најексклузивните концерти во културните збиднувања во Македонија.
- Верувам дека со концертот уште еднаш ќе се потврди дека Елина Гаранча е изведувач кој со сигурност ќе им се приклучи на великаните. Дека е певица со сензационален глас, уметник кој зрачи со енергија и топлина што секое нејзино појавување на сцената го прави впечатливо и уникатно. Верувам дека фестивалската публика ќе има незаборавно уметничко доживување што долго ќе се памети, рече таа.
Концертот на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ е закажан за 21 часот, на големата сцена на Античкиот театар.
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
