Живот
15. October 2018 - 22:01

Со диета ја убил сопругата: Самонаречен микробиотички гуру жената ја изгладнувал до смрт, но направил грешка која го разоткри

Италијанската полиција отвори нова истрага против Марио Пјанези, познатиот италијански бизнисмен, во јавноста познат како гури на макробиотичката исхрана. Тој се сомничи дека ја убил својата сопруга така што ја ставил на ригорозен облик на неговата „Ма-Пи“ диета.

Габриела Монти почина во 2001 година, две недели откако и е дијагностициран акутен хепатитис кој го предизвикала афлатоксини, состојка која може да се најде во житарките и јаткастите плодови. Опасни се по здравје зошто можат да доведат до развој на малигни болести или да влијаат на имунолошките функции.

Монти во 1997 година доживеала инфаркт од кој никогаш не се опоравила, а за неа до смртта се грижел сопругот. Пјанези имал илјадници следбеници кои верувале дека неговата диета, базирана на житарки може да излечи тешки болести. Полицијата верува дека диетата можела да го влоши нејзиното здравје и да доведе до смрт.

„Наместо да ја лекува со традиционални методи, се обидел да ја излечи со ригорозна исхрана“, изјави истражителот Карло Пинто.

Ма-пи диетата е богата со јаглехидрати, житарки и зеленчук, но потполно исклучува животински масти, протеини и шеќер. Пијанези (74) дури е обвинет дека ја криел болеста на сопругата, и дека наводно на само неколку луѓе им дозволувал да ја посетата. Исто така се сомничи дека се обидел да ги уништи доказите така што ги ексхумирал нејзините посмртни останки во 2013 години и ги кремирал. Пјанези и неговата втора сопруга Лоредана Вопи се „разоткриени“ во март на наскоро ќе седнат во обвинителна клупа.

Двајцата се упасени со уште двајца претставници на компанијата УПМ (Un punto macrobiotico) под обвинение за злоставување, ропство, затајување данок и создавање криминална организација.

Италијанската полиција по пет годни истрага стави крај на макробиотичката секста на чело со самонаречниот гуру која не толку одамна го запозна и папата Гранцис. Марио Пјанези (73) на своите имоти во регионот Емилиа - Романа и Марке создал заедница од измамени луѓе кои живеле потполно одвоени од светот и кои се хранеле само со храна која содржи токсини и која се базирала на заленчук, житарки и грав.

Пјанези манипулирал со своите жртви, им ги испрал мозоците така што им ја продал приказната дека со „Ма-Пи“ диетата ќе ги излечи од тешки болести.

„Сето тоа е дел од учењето на познатиот јапоснки филозоф Жорж Ошаве“, им објаснувал Пјанези на своите жртви што ги чека на неговиот имот.

Не само што заштедил куп пари хранејќи ги членовите на сектата со остатоци од зеленчук, и уверувајќи ги дека здраво се хранат, туку ги терал и бесплатно да работат во неговите макробиотички центри и ресторани. Биле буквално негови робови.

Меѓу неговите „ученици“ имало голем број заболени од вирусот ХИВ, кои верувале дека ќе ги излечи. Истрагата започнала во 2013 гоина кога девојка која спаднала на тежина од 35 килограми, на полицијата и открила како Пјанези и ветил дека ќе оздрави ако ја започне неговата диета.

Потоа се јавиле и други членови на сектата тврдејќи дека Пјанези „заробил“ луѓе кои работеле за неговото макробиотичко царство така што постепено губеле контрола над своите животи.

Наводно сакал да ја забошоти смртта на сопругата за луѓето да не забележат дека неговата диета не е делотворна. Некои негови следбеници се откажале од медицински третмани и се обиделе да излечат карцином со неговата диета.

Дури и вината за смртта на неговата сопруга се обидел да ја префрли на своите следбеници.

„Не обвини дека сме ја убиле, тврдеше дека не можел во потполно да и се посвети дека се занимавал со нашите проблеми“, рече еден од следбенциите Гиберт Касабури, поранешен шеф при компанијата УПМ.

Синовите на Пјанези се обиделе да го оправдаат таткото тврдејќи дека живееле под ист покрив и јаделе иста храна како и нивната мајка. Исто така рекле дека мајката не живеела изолиранао и дека сама одбила операција на срцето по инфарктот.