-->
-->
Со 22 милиони денари ќе се градат канализациски системи во Кривопаланечко
-->
Со 20 милиони денари од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој годинава ќе се градат три поголеми канализациски системи во Крива Паланка, додека со 2 милиони денари општината и Јавното претпријатие „Комуналец“ ќе градат канализациски мрежи во повеќе градски и приградски населби.
Градоначалникто на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, информира дека добиени се решенијата од АФПЗРР за реализација на трите крупни проекти во вредност од безмалку 20 милиони денари.
Станува збор за изградба на канализацска мрежа „Дурачка Река“, прва фаза од т.н. Маневски мост, изградба на преостанат дел од главната канализациска мрежа во село Мождивњак и изградба на канализација во село Длабочица кај магистралниот пат.
Со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалната канализациската мрежа во Крива Паланка предвидена е изградба на канализација на дел од Мезовски ливади и Крстата падина, во делови од село Конопница и село Жидилово кои ќе се финансираат со средства од буџетот на општината и ЈП „Комуналец“.
Годинава ќе се врши доизградба и санација на постојни канализациски системи кои ќе бидат превземени од општината и ЈП „Комуналец“,за што се издвоени 2 милиони денари, додека 1,5 милиони денари ќе бидат инвестирани за изготвување техничка документација за доизградба на главен колектор и спојување на десен со лев колектор до локалитет на пречистителна станица за фекални води, за фекална пречистителна станица за град Крива Паланка, како и документација за проектите за канализација во населба Грамаѓе, дел од село Конопница, за село Градец-Мезовски ливади и канализација со пречистителна станица за село Жидилово.
Од локалната самоуправа на општина Крива Паланка преку проектот на Владата на РМ и ЕБОР „Водоснабдување и одведување отпадни води“ лани беше реализиран значаен проект во Крива Паланка со кој беше изградена фекална канализација „Бојанов Дол“, градежниот дел од проектот е веќе завршен и се очекува истата наскоро да биде пуштена во употреба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште