Снаата на Трамп до неплатените работници: Ова е поважно од вас
Лара Трамп, снаа на американскиот претседател Доналд Трамп има разбирање за 800.000 вработени во јавниот сектор кои не примаат плати поради блокадата на владата, но им укажува дека настанала ситуација поважна од кој било поединец.
-Тоа не е праведно кон вас и ние тоа го разбираме, но многу поважно е од кој било поединец, изјави Лара која е сопруга на Ерик Трамп, син на американскиот претседател.
– Тоа е мало страдање за иднината на нашата држава, а нивните деца, внуци и генерации кои доаѓаат ќе бидат благодарни за жртвите, нагласи Лара Трамп за работниците кои поради делумната блокада на владата што трае веќе еден месец не примаат плата.
– Ве поддржуваме и правиме се што можеме. Цениме се што жртвувате, нагласува таа.
Блокадата, најдолга во америакнската истортија, настана поради судир на Доналд Трамп со демократите поради финансисрање на ѕидот на границата со Мексико. Лара Трамп е 36-годишна поранешна продуцентка на информативниот магазин Inside Edition“. Мажена е за Ерик во 2017 година.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
