Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ.
Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист - од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата.
Притоа откако ги пуштил паричните средства од тресорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
