Словенија: Протест против Влада на Јанша, во вторник гласање во Собранието
Повеќе невдладини здруженија и поединци, денес организираат протест во главниот град на Словенија против Влада на чело е Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Протестниот марш ќе се одржи под мотото „Без став – марш против коалицијата на омраза”. Според најавите на организаторите тој ќе почне во 17 часот пред седиштето на СМЦ (Партија на модерниот центар), а ќе заврши пред канцелариите на партијата на пензионерите ДеСус. Целта е кажаа организаторите, да се предупредат пратениците на овие партии во Собранието да не гласаат за Владата на Јанша.
Во меѓувреме словенечките медиуми објавија дека во вторник на собраниска седница ќе се гласа за новата Влада на Јанша. За да се изгласа е потребна поддршката од најмалку 46 пратеници. Предвидено е гласањето да биде тајно. Новоформираната коалиција предводена од СДС има 48 пратеници. Сепак пратеникот Јани Модерндорфер од партиjата СМЦ веќе јавно кажа дека нема да ја поддржи оваа Влада.
Ако Владата добие доволен број гласови, тогаш Јанша има рок од 15 денови да ги предложи имињата на новите министри.
Сегашниот претседателот на Собранието Дејан Жидан, веќе го најави своето повлекување од претседателската функција, доколку Јанша формира Влада.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава