Словенија би можела да испрати војска на границата со Хрватска
– Словенечката Влада не се откажува од предлогот да ангажира војска на границата со Хрватска, а доколку помине владиниот предлог за измена на Законот за одбрана, на границата би можеле да се најдат и до 2.000 војници, пишува порталот „Гласот на Истра“.
– Станува збор за 180 војници кои ја контролираат границата во две смени. Доколку биде изгласан предлогот на словенечката Влада, тогаш на границата со Хрватска би можеле да бидат и до 2.000 војници кои патролираат самостојно, наведува порталот.
Тоа би можело да се случи доколку изменетиот Закон за одбрана добие мнозинство во Парламентот.
Првиот обид на Владата да го измени тој закон не помина во Комисијата за одбрана, кога за него гласаа 11 од 19 членови, а било потребно двотретинско мнозинство.
Законот за одбрана, донесен во времето на мигрантската криза, подразбира дека војската на границата добива полициски овластувања.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата