Словенечки пилот тргна на пат околу светот за 30 дена
Словенечкиот пилот и фотограф Матевж Ленарчич денеска полета на пат околу светот за време на кој ќе ја мери концентрацијата на црниот јаглерод во воздухот, јавува Хина.
Тој во рамките на проектот „GreeLight WorldFlight“ својата мисија ќе ја изврши во 30 етапи кои во просек ке траат по 13 часа, со тоа што најголгата ќе трае 20 часа.
Ќе лета со брзина од 220 до 240 километри на час, а целта на првата етапа е Херез во Шпанија. На пат тргна со храна за една седмица.
Ленарчич пред поаѓањето призна дека во планот за патувањето многу работи можат да тргнат наопаку и дека за успех најпресудни ќе бидат временските услови.
Најважниот дел од опремата е новиот усовршен инструмент за мерење на црниот јаглерод, кој овозможува многу прецизно да се пресмета неговата концентрација во воздухот.
Ленарчич исто така ќе ги фотографира поединостите на патувањето во кои има намера да прелета околу 42.000 километри, а мисијата според планот би требало да трае цел месец.
По Шпанија, ќе лета на југ кон Зеленортските острови, па преку централен Атлантик до Карибите, а потоа преку јужниот дел на САД и Тихиот Океан кон Шри Ланка. Во Европа би требало да се врати преку Саудиска Арабија.
Ленарчич е искусен пилот, а Земјата првпат со лесен авион ја помина во 2004 година.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи