Славчо Ковилоски е лауреатот на годинешната награда за најдобра поема „Григор Прличев“
Славчо Ковилоски од Скопје, поет, прозаист и книжевен историчар е добитник на престижната награда „Григор Прличев“ што секоја година се доделува во чест на славниот охридски преродбеник. Поемата „Крале Марко по вторпат“ е избрана за најдобра поема на конкурсот за најдобро поетско дело за 2018 година.
Ковилоски, роден 1978 година во Скопје, е автор на збирката раскази „Лоша тетка и други раскази“, има напишано и две монодрами „Синот на Волкашин“ и „На Ножот“, три збирки поезија „Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“, романите „Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“ и повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Имал повеќе настапи и предавања за урбаната култура во ширум земјата, како и во странство (Њујорк, Загреб, Белград, Софија).
Неговите дела се преведувани на повеќе европски јазици. Бил главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и работи во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои наградата за наука „3 Ноември“ и за поезија „Јован Котески“. Во 2018 година како еден од најмладите добитници ја примил најголемата државна награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија од областа на науката за монографијата „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси).
Идејата да се напише поемата „Крале Марко по вторпат“, авторот ја наоѓа во мешањето на легендите и историските факти за Кралот Марко, при што честопати стварноста е заменета со митологијата и обратно. Крале Марко како најомилен јунак во епосот на јужнословенските народи нуди извонредно многу можности градење книжевен лик кому не му се туѓи ниту реалноста, ниту фантастиката, се наведува во соопштението од Центарот за култура „Григор Прличев“ што ја распишува и доделува наградата.
Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев.
Ново на Сител
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
-

Приведен 45-годишен гостиварец - Ја принудувал сопругата на сексуални односи и физички ги малтретирал нивните деца
-

Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци, предизвикала штета
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

