Скриеното значење на шпил карти: Секоја карта, број, знак и боја се прецизно осмислени
Еден шпил карти е поделен на четири знаци и бои, од кои секој има по 13 карти. Но, дали знаевте дека шпил карти содржи 52 карти кои ги претставуваат 52 седмици годишно?
Тоа не е се. Картите кријат уште повеќе интересни факти. Имено, четири различни знаци претставуваат четири различни сезони, а боите црвена и црна претставуваат ден и ноќ
Исто така, 12 карти со слика претставуваат 12 месеци од годината.
Кога се собрани сите карти во шпилот, се добива бројот 364, а кога е додаден џокер се добива бројот 365, односно бројот на денови годишно.
Се верува дека картите потекнуваат од древна Кина, но постојат неколку теории за точното време во кое тие потекнуваат.
Игрите со карти се појавиле во Европа во земјите каде преовладува муслиманското население, најверојатно околу 1360 - та година. Во тоа време се користеле меч, стапче, монета и чаша. Овие карти и ден денес се користат во Шпанија, Мароко, Јужна Америка и некои делови во Италија и Франција.
На 28 декември, во САД се прославува денот на картите. Иако, не е познато зошто и кога точно започнало да се празнува овој празник, на тој ден обичај е да се играат разни игри во кругот на семејството и пријателите.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена