Скопски вештак ја злоупотребил својата должност - за еден потпис барал 2000 евра
Скопјанец кој работел во Биро за судски вештачења изнудувал пари од клинетите. Како што стои во билтенот на МВР, Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава пријава против С.В.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 6 во врска со став во врска со став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот, во својство вешто лице ангажиран од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, во текот на јули 2018 во неколку наврати побарал парични средства во износ од 2000 евра од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско финансиски вештачења по предмет кој се водел во Основниот суд Штип против правното лице.
На 06.10.2018 година во просториите на правното лице пријавениот ги примил паричните средства во износ од 2000 евра, по што се потпишал на финансиското вештачење. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка куќен притвор.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија