Македонија
20. September 2015 - 8:32

Скопската обиколница утре отворена за сообраќај

Во името на продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА, согласно со временската прогноза по која се најавува дожд, Ве известуваме дека  обиколницата околу Скопје во понеделник (21.09.2015 година) повторно ќе биде ставена во употреба на  граѓаните на Република Македонија.
 
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. 
 
ИЗМЕНА НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Согласно Одобрението 11-уп-87/4 од Министерство за транспорт и врски од 03.09.2015г. и известувањето од Мануфактура продукција известуваме дека за потребите за снимање на филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај“ (Скопска обиколница) за период на следниве датуми: 22.09.; 23.09.; 24.09.; 25.09.; и 28.09.2015 година од 07:00 до 19:00 часот за секој од наведените датуми. 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е 
 
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.