Скопје утрово беше 14 најзагаден град во светот
Скопје утрово беше 14 најзагаден град во светот, а Македонија е меѓу најзагадените земји на Балканот.
Од главните градови на Балканот, високо загадени се Скопје и Сараево кои секогаш се високо на листата меѓу најзагадените градови на светот. Деновиве меѓу нив се најде и Загреб.
Европската агенција за животна средина во извештај за квалитетот на воздухот во Европа за оваа година ги објави и податоците за смртност во апсолутни вредности.
ЕАА со седиште во Копенхаген, во извештајот за квалитетот на воздухот наведува дека загадувањето на воздухот е главна причина за предвремената смрт во 41 европски земји.
Заклучокот се изведува врз основа на податоците од над 2500 мерни станици во цела Европа во 2016 година. И покрај напредокот, граничните вредности поставени од Европската унија и Светската здравствена организација се пречекоруваат на многу места.
Научниците заклучуваат дека во 2015 година 442.000 смртни случаи биле поврзани со загадувањето на воздухот. Од нив, 391.000 се регистрирани во 28-те членки на ЕУ. Како главни причини за загадувањето се наведуваат ситната прашина, азот диоксидот и озонот. Тие предизвикуваат проблеми со дишењето или истите ги влошуваат, а причина се и за заболувања на крвотокот, или за рак, со што доведуваат до предвремена смрт, соопшти ЕЕА.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто