-->
-->
Скопје победник на Отвореното првенство на Македонија во шах за слепи
-->
Екипата на Скопје е победник на Отвреното првенство на Македонија за слепи и слабовидни лица, второто место му припадна на Тетово, додека, пак, домаќинот екипата на Кичево го освои третото место.
На првенството во организација на во организација на Националната спортска федерација на слепи на Македонија и Здружение на слепи Кичево во соработка со Националниот сојуз на слепи на Македонија и со финасисика поддршка од Агенцијата за млади и спорт, учествуваа вкупно 36 натпреварувачи, мажи и жени, во екипна конкуренција со мешовот состав од Скопје, Тетово, Охрид, Кочани, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Куманово и домаќинот екипата на Кичево.
-Првенството што се одржа вчера и завчера, а синоќа беа доделени наградите за најуспешните, помина во најдобар ред.Победи подобрата екипа или поконцентрирана во моментов, екипата на Скопје на која и го доделивме победничкиот пехар, изјави Зендел Зулбеари од Здружението за слепи на Кичево.
Тој додаде дека главна цел на првенството сепак било меѓусебното дружење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања