Македонија
6. December 2025 - 12:48

Скопјанец возел со 2,55 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

На 06.12.2025 во 00:45 часот, на улица „11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.. (49) од Скопје.

При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал И.Ц. со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,55 промили алкохол во крвта.