Скопјанец приведен кај Смоквица при обид да превезе 13 Пакистанци

Триесет и шестгодишен скопјанец, кој се бара за издржување затворска казна, синоќа е приведен од полицијата на автопатот кај Смоквица при обид да превезе со своето возило 13 Пакистанци.
Од МВР информираат дека на автопатот кај село Смоквица вчера во 04:00 часот полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „Фолксваген“ со швајцарски национални ознаки. Возилото не застанало туку продолжило со движење по автопатот од Гевгелија кон Скопје. После клучката за село Миравци возилото било пронајдено, а возачот побегнал. Во возилото биле пронајдени 13 лица-мигранти, сите од Пакистан.
При пребарување на теренот возачот бил пронајден и било утврдено дека се работи за лицето Ф.И. (36) од Скопје.
Возачот заедно со мигрантите бил однесени во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица. Бидејќи Ф.И. се барал за издржување на казна затвор, тој ќе биде спроведен до Казнено поправната установа „Идризово“, велат од полицијата.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
