СКАНДАЛ: Поп легенда под истрагa поради силување!
Една од најголемите поп ѕвезди на денешницата е под истрага поради обвинение дека силувал девојче што денес има 50 години.
Нападот, наводно, се случил за време на концерт во 1970-те, а жената тогаш имала 14 години.
Како што пишува „Сан", се работи за британска поп легенда која стравува дека неговото име ќе „протече" во јавност оти на интернет се појави и видео во кое жената го кажува по име. Сепак, од правни причини, не смее да се објави за кого станува збор, бидејќи испитувањето на можни основани сомненија се уште е во тек.
Жената тврди дека телохранителот на музичарот ги повикал неа и нејзината другарка во хотел по настапот. Кога стигнале во хотелот, тие две биле раздвоени, па жртвата ја однеле во апартман каде ја пречекале уште еден маж и жена, кои како што вели, исто така се познати личности. Пред злоставувањето, и понудиле шампањско, а потоа во просторијата се појавил музичарот.
- Мантилот набргу бил на подот, а тој ме соблече. Она што прво почнало нежно и полека, стана болно. Ми рече да се опуштам и дека се ќе биде в ред. Дотогаш никога се немав бакнато, рече таа.
Официјално истрага е покрената 2014 година.
Ново на Сител
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли