Балкан
16. јуни 2016 - 8:40

Бугарија формира мрежа за собирање податоци за патувања

Во рамки на напорите за борба против тероризмот и организираниот криминал, Бугарија фомира Национална мрежа за собирање на податоци на резервации за патувања, најави претставничката на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), Виолета Дачева.

- Засега ќе се собираат само информации за сите оние што ќе патуваат со авион, нагласи Дачева во интервју за бугарската агенција БТА.   

Според Дачева, која е ракводител на оваа Мрежа во рамките на ДАНС; Агенцијата нема да имаа пристап до податоците на патниците, кои се наоѓаат во информациските системи на авиопревозниците.

- Податоците за резервациите ќе и бидат предавани на Мрежата во страна на авиопревозниците по електронски пат, најрано 48 часа пред летот или непосредно пред полетувањето, нагласи Дачева.