Скандал на Универзитетот во Тетово, најмалку 7 професори плагирале научни трудови
Интелектуалната иницијатива за подобрување на квалитетот во универзитетското образование“ (NIRCAU) го претстави своето обемно истражување во кое ги анализира на трудовите на професорите на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово.
Во последното издание на публикацијата „Веритас“, како што пишуваат медиумите на албански јазик, тие посочуваат дека научните трудови на најмалку седум универзитетски професори се плагијат или копија на веќе објавени дела.
Во деталното истражување, посочуваат точно кои делови од трудовите на професорите Неџбедин Беадини, Шеќибе Беадини, Албулена Беадини, Емира Беџети, Мирлинд Беџети, Дестан Халиди, Екрем Исмани не се оригинални, односно се „позајмени“ од други автори.
„Академската нечесност е проблем што го истражувавме неколку месеци. Штетата предизвикана од него е немерлива, бидејќи овој феномен овозможува да се оправда некомпетентноста, која потоа како таква ќе им служи на следните генерации со создавање на ‘нормални’ стандарди“ – велат авторите на истражувањето.
Тие сметаат дека раководството на Универзитет во Тетово продолжува да ги затвора очите и одбива да прифати дека дел од нивните професори не се автори на делата што ги објавуваат како свои.
„Досега до Ректорската управа поднесовме низа претставки за кражба на интелектуални трудови од професори и докторанди на овој факултет, кои незаслужено напредуваат во академската кариера. Оттаму нема никаков повратен одговор – велат од Иницијативата.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
