„Скаменет сон“ - нова стихозбирка на Стојан Тарапуза

„Скаменет сон“ е насловена новата поетска книга на Стојан Тарапуза, која во едицијата „Синтези“ ја објави Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје. Тарапуза, кој е познат пред се како автор за деца, во оваа стихозбирка има 60 песни за возрасни.
- Тие се поделени во три циклуси, кои својот заеднички именител го имаат во мисловните сондажи нијансирани со префинети лирски рефлекси, соопшти „Дијалог“.
Покрај „Скаменет сон“, Тарапуза е автор на уште две книги за возрасни („Црвено растење“ од 1961 и „Во каменот ден“ од 1965), како и на неколку десетици книги за деца, меѓу кои: „Грејни сонце“, „Полно кајче желби“, „Дамбара думбара“, „Цвет и злато“, „Очиња поточиња“, „Деновирки“, „Седум брода“ и „Облак се поти“.
Тарапуза е добитник на повеќе признанија, меѓу кои: наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра книга за деца, „Книжевно жезло“ за литературен опус, Змајевата награда, како и наградата на Радио-телевизија Скопје што се доделуваше на Струшките вечери на поезијата. Во 2011 година беа објавени избрани дела на Стојан Тарапуза во три тома.
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
