Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Скалони даде свој коментар за нерешениот резултат со Колумбија (1:1) во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 година.
- Во првото полувреме не најдовме приоди кон противничкиот гол, а во вториот дел ја променивме динамиката и почнавме да имаме ситуации. Тоа беше добар тест да се види како може тимот да игра со тројца одбранбени играчи. Можеме да бидеме задоволни, бидејќи има работи што може да се подобрат, но јас сум задоволен, особено од она што беше направено во вториот дел. Дури и во условите во кои игравме, се пласиравме во финалната фаза на СП 2026 година. На крајот луѓето дојдоа на овој натпревар и хемијата со навивачите беше многу добра. Ни дадоа енергија, убаво е да ги гледаш како пеат. Секогаш ни е потребна поддршката од трибините, а денес во многу тежок момент од играта ја почувствувавме, изјави Скалони по натпреварот.
Аргентинците имаат 35 бодови и остануваат на врвот на јужноамериканскиот квалификациски поредок.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер