СЈО излажа дека ќе достави список со ангажирани експерти и колку се платени

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска во име на СЈО на последната прес конференција рече дека ќе достави листа на експерти со кои соработува ова јавно обвинителство. До сега на јавноста и се познати тројца експерти: Светомир Шкариќ, професор на Правниот факултет, Александар Тортевски- адвокат и Мирослав Грчев професор на Архитектонски факултет. Сите тројца имаат различна област на работење, но имаат исти политички „обоени“ ставови и иста цел кон која „стрелаат“.
И покрај ветувањето на Ристоска, дека ќе ги достави листите на експерти со кои соработува СЈО, тоа не се исполнува трет ден по ред.
СЈО не ги достави лисите и покрај тоа што од нашата редакција преку мејл им беше побарано и беа потсетени дека Ристоска најави јавно објавување на списокот на експерти.
Двајца наводни експерти кои во јавноста преку медиумите ги бранеа ставовите на опозицијата и СЈО, Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски, се платени токму од Катица Јанева. Ристоска на пресот на СЈО и јавно призна дека тие се на планиот список на СЈО.
-Да, професорот Шкариќ и адвокатот Тортевски се, мислам дека се, ќе мора да проверам, меѓутоа мислам дека се ангажирани од ова Јавно обвинителство со тоа што детална листа за ангажирани експери ќе ви биде дополнително дадена, истакна Ристоска.
Јавноста е добро запознаена со нивните ставови, па се поставува прашањето колку овие т.н. независни експерти на СЈО се навистина независни. Изминатиов период токму Шкариќ и Тортевски беа меѓу најактивните кои по сите телевизии ги застапува ставовите на СДСМ и СЈО, напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан
-

Бугарската полиција истражува смрт на шест лица, се сомнева на ритуални убиства
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
