Сите жени ќе му бидат благодарни на ова момче: Ученик направил градник кој открива рак
Жените ширум светот ќе му бидат благодарни на изумот кој ова момче го открило.
Ученик во средно училиште во Мексико дизајнирал градник кој помогнува во раната детекција на рак на гради. Земајќи ја својата мајка како инспирација (и двете гради ги загубила поради болеста) Хулиан Риос Канту нашол подобро средство за рано откривање на оваа болест.
Ракот на гради, ако се открие рано, има процент на преживување од скоро 100 проценти. И’ покрај тоа, многу жени се уште забораваат дека прегледот еднаш месечно може да доведе до рана детекција.
Кантуовото решение вклучува додавање на технологија на нешто што повеќето жени и’ инаку го носат, градник. Овој градник користи скоро 200 биосензори за да ја мапираат површината на градите и да ги надгледуават промените во температурата, големината и тежината.
Мапирањето на промените во големината и тежината е цел на повеќето самостојни прегледи. Сензорот за температура служи да анализира делови каде што има многу крвни садови, барајќи зголемен проток на крв во одредени делови.
-Овој проток на крв би можел да го храни туморот, вели Канту.
Погледнете како изгледа оваа иновација:
Ново на Сител
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба