Системот на Пакомак спаси шума со 110.500 дрвја

Преку системот на Пакомак досега се собрани и преработени 11.500 тони амбалажен отпад или 31 тон дневно, со што е спасена шума од 110.500 дрвја, информираат од компанијата.
Од собраниот амбалажен отпад, 6.500 тони се хартија, 4,030 пластика, 882 тони стакло, како и композит, метал и дрво.
- Доколку се земе во предвид светски познатата калкулација дека еден тон рециклирана отпадна хартија спасува 17 дрва, заштедува 26 м3 вода, 320 литри нафта, 4.000 киловолт часови електрична енергија и 2,3 м3 место за одложување на отпадот. Во тој случај придонесот на Пакомак во 2014 година за заштита на околината само од рециклирањето на хартија на сликовит начин би изгледал вака: со рециклирање на отпадната хартија спасена е шума од 110,500 дрвја и заштедено е вода потребна да наполни 56 олимписки базени, заштедена е електрична енергија која би ја потрошиле 5.200 семејства во трособен стан во период од една година, заштедено е приближно околу 2.080.000 литри нафта и намалено е оптеретувањето на местото наменето за складирање на отпадот за 14900 м3, се истакнува во соопштението на Пакомак.
Од компанијата информираат дека и понатаму ќе продолжат со инвестиции во комунална инфраструктура во градовите низ републиката, бидејќи во повеќето општини се уште нема доволно контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање.
Ново на Сител
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
