-->
-->
Синот на Клинт Иствуд сними реклама за „Давидоф“
-->

Синот на популарниот Клинт Иствуд, 29-годишниот модел и актер Скот Иствуд на Хаваите сними реклама за парфемот „Давидоф Кул Вотер“, како замена за трагично починатиот глумец Пол Вокер.
Мокар, облечен во куси фармерки и со голо торзо, Скот уште еднаш покажа зошто е еден од најпосакуваните ергени во Холивуд.


- Голем љубител сум на океаните. Нуркам, сурфам и одам во риболов, изјави Скот.
Тој откри дека снимањето го потсетило на Пол Вокер, со кого биле добри пријатели.
- Ми беше како постар брат. Веруваше во ова и не го ставаше неговото име на производот, само за пари. И тој ги обожуваше океаните, додаде Скот Иствуд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите
-

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
-

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
-

ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, осум активни
-

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
