Синдикатот одлучи: По денешниот вооружен напад од утре прекин на работата во училиштата во Србија
Главниот одбор на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија одлучи од утре да ја прекине работата во сите училишта во Србија. Потегот е преземен по денешниот вооружен напад врз ученици и наставници и училишен персонал во Белград, пренесе Бета.
Одлуката е донесена врз основа на Законот за безбедност и здравје при работа, бидејќи на вработените во образованието им се заканува непосредна опасност по нивниот живот и здравје, се вели во соопштението.
НСПРС изразува сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакува брзо и успешно закрепнување.
НСПРС бара итно разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ, „поради одговорноста за денешната трагедија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во која загинаа неколку лица.
НСПРС посочува дека постојано бара од Министерството за образование „наместо да ги шминка постојните прописи, да преземе опсежни мерки за зголемување на безбедноста во училиштата, што министерот и Министерството ги игнорираа“.
Поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградските основни училишта нема да има настава попладне, потврдија за РТС од Министерството за образование. Во училиштата ќе има само дежурен кадар.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
