Синдикатот на „Југохром“ ќе ги презентира аргументите за комбинатот

Синдикатот на „Југохром“ денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги презентира своите аргументи за, како што велат, вистината за комбинатот.
Производството во фабриката, која се наоѓа во тетовско Јегуновце, беше прекинато бидејќи немаше поставено филтри за прочистување на воздухот.
Од Владата се категорични дека се додека не се постават филтрите не може да почне со работа „Југохром“, иако овој комбинат е важен за Полошкиот регион.
- Јасен е ставот на Владата, „Југохром“ неможе да проработи ако не ги задоволи еколошките стандарди, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на почетокот на месецов.
Притоа, напомена дека Југохром веќе ги поставува филтрите и целиот процес треба да заврши до октомври-ноември годинава. Компанијата, согласно финансикиот план, мора да обезбеди уште еден милион евра, а ако тоа го стори, Владата ќе и помогне со кредит од дополнителни 1,5 милиони евра од Македонската банка за поддршка на развојот, со што ќе може да се заокружи процесот во целост.
- Договорено е Југохором да ги постави филтрите. Сопственикот на компанијата се соочуваше со одредени финансиски тешкотии околу имплементација на проектот. Ја разгледавме ситуацијата и констатиравме дека постои физибилност, комбинатот да работи, поготово со сегашната конјуктура на цените на металите на светските берзи. Може да работи профитабилно и да остварува профит, изјави тогаш Анѓушев.
Вработените во „Југохром“ неколкупати досега протестираа и бараа помош од Владата за повторно рестартирање на фабриката.
Фабриката за производство на феролегури „Југохром“ произведува феросилициум, легура која главно се користи како суровина во челичната индустрија. Работењето на фабриката има значајно влијание врз економијата учествувајќи со 0,9 проценти во БДП.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
