Симптомите на оваа болест се слични на грип: Милиони не знаат дека ја имаат, а може да ви го уништи животот
Повеќе од 80 проценти од луѓето инфицирани со херпес имаат симптоми на мачнина, грозница и болка во мускулите, во првите стадиуми од инфицираноста, велат експертите од американскиот Центар за контрола на болести и превенција. Се верува дека овие симптоми се резултат на имунолошкиот систем, кој се обидува да го нападне вирусот.
Инаку, херпес е доста честа полова болест, а се верува дека во Америка околу 40 милиони луѓе не ни знаат дека имаат херпес. Поради тоа експертите истакнуваат дека е доста важно да се препознаат симптомите на оваа болест која може да се стави под контрола, но не може да се излечи.
Херпес предизвикуваат два вируси, ХСВ тип 1, кој најчесто предизвикува појава на пликови на усните или на лицето и ХСВ тип 2, почест облик кој ги погодува гениталиите. Се проценува дека 90 проценти од луѓето кои се инфицирани од типот 2 на вирусот никогаш не ја добиле таа дијагноза.
Делумно, причина за тоа е што поголемиот број од луѓето имаат тек благи симптоми, кои по грешка можат да се препишат на нешто друго, а се случува и да нема никакви симптоми, така што херпесот „минува“ незабележано.
Кога се јавуваат симптомите, тоа е обично меѓу пет и десет дена по гениталниот контакт кожа со кожа со некого кој веќе го има вирусот. Најчестите рани знаци кои се јавуваат се болки при мокрењето и пецкање во гениталиите, заедно со симптоми слични на грип- тоа може да вклучи грозница мачнина, главоболка, болки во мускулите, отеченост на лимфните чворови, чувство на омалаксаност…
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување