Симеоне потпиша нов договор со Атлетико Мадрид

Аргентинскиот фудбалски стратег Диего Симеоне (53) го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2027 година, објави синоќа шпанскиот клуб.
- Диего Пабло Симеоне ќе остане тренер на нашиот клуб до 30 јуни 2027 година. Аргентинскиот тренер потпиша нов договор, со што продолжува континуитетот на проектот кој започна со неговото доаѓање на клупата на црвено – белите во октомври 2011 година, се наведува во клупското соопштение.
Популарниот „Ел Чоло“ досега го предводеше Атлетико на рекордни 642 натпревари и со мадридскиот клуб освои осум трофеи, вклучувајќи две шпански титули (2014, 2021). Во Лигата на шампиони два пати го одведе клубот до финалето, но и во двата наврати остана без трофејот.
Атлетико не ја прецизираше вредноста на новиот договор, но шпанските медиуми објавија дека Симеоне се согласил на намалување на плата која сега изнесува околу 16.5 милиони евра годишно.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
