Симеоне остана без победа против Барса

Изедначувачкиот гол на Усман Дембеле го лиши тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне од првата победа против Барселона во Ла Лига.
„Јорганџиите“ водеа до последната минута кога Дембеле се запиша во листата на стрелците за 1:1 на „Ванда Метрополитано“. За популарниот Чоло, тоа беше 14-от натпревар во Примера, каде што не успеа да победи против Каталонците. Подолга негативна серија против „лос кулес“ од тренерите во Шпанија има само Марселино (15).
Инаку Симеоне ги пофали своите играчи по дербито минатата ноќ. Иако разочарувањето од пропуштената победа и шансата Атлетико да ја предводи табелата, тренерот на Атлетико ги нагласи позитивните нешта.
– Ми се допадна претставувањето на мојот тим. Ни недостасуваше малку среќа на крајот, но факт е дека Барса не притисна во последните минути. Бевме блиску до победата и сметам дека ја заслуживме. Противникот не не изненади со ништо. Излезе тактички натпревар, без многу шанси. Мило ми е за голот на Диего Кошта. Секој пат кога тој е на теренот, имаме голема шанса да победиме, изјави Симеоне по натпреварот.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
