Симеоне незадоволен од играта во одбрана на неговиот тим

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги критикуваше своите фудбалери за играта во дефанзива по синоќешните 2:2 со Алмерија.
По овој „кикс“ со последнопласираната Алмерија, Атетико Мадрид ги намали своите шанси во трката за трофејот во Ла Лига.
- Почнавме многу добро. Два пати водевме, но игравме слабо дефанзивно во периодите кога ги примивме головите. Не одигравме толку сигурно како што требаше, вклучително и кога Мелеро во судиското надополнување можеше да го постигне нашиот трет гол. Имавме шанси во нападот, головите ќе дојдат, но треба да ја подобриме играта во одбраната. Ми се допадна енергијата и односот на тимот, тие беа цело време фокусирани на напад, а јас ќе бидам со играчите до крајот, изјави Симеоне.
Со 49 бодови од 26 натпревари Атлетико Мадрид во моментов е на четвртото место во Шпанското фудбалско првенство. На првите три места се Реал Мадрид со 62, Барселона со 57 и Жирона со 56 бодови.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
