-->
-->
Симеоне: Ќе играме за да победиме и да се пласираме во финалето
-->
Диего Симеоне тренерот на Атлетико Мадрид, не ја криеше својата идеја, дека неговиот тим вечерва на гостувањето во Минхен кај Баерн ќе атакува на победа.
Атлетико во реванш полуфиналниот меч од Лигата на шампионите против Баерн ќе влезе со минимална предност од 1:0 остварена на првиот дуел во Мадрид,
„Секој натпревар е различен. Сакаме да победиме, тоа е нашиот план. Сакаме да играме добро и да уживаме во нашиот успех. Но пред сè, сакаме да се најдеме во финалето“, изјави темпераментниот Аргентинец.
Избраниците на Симеоне на првиот дуел со Баерн, демонстрираа цврст фудбал, со многу прекини, контакти и фаули, што наиде на критики на дел од фудбалската јавност, ценејќи дека играта која ја прикажуваат „јорганџиите“ не е убава за гледање.
„Фудбалот е фантастичен спорт и постојат различни начини на кој може да се игра во зависност од играчите кои ги имате на располагање. Имаме искусни момци во комбинација со неколку нови и тие се навистина одлични за да се работи со нив. Тоа се одразува и на нашите резултати’’, додаде Симеоне, на денешната прес конференција.
Симеоне пред две сезони го доведе Атлетико на чекор до освојување на шампионскиот трофеј, кој го загубија по дополнителните триесет минути во финалниот меч против градскиот ривал Реал.
Дуелот, Баерн – Атлетико кој ќе се игра вечерва на „Алијанц арената’’ ќе започне од 20 часот и 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор